Најстариот човек на светот го прослави својот 112. роденден, годинава без гости и во самоизолација

88

Најстариот човек на светот Боб Вајтон денеска го прослави својот 112.роденден во самоизолација поради пандемијата на вирусот корона.

Вајтон, поранешен учител и инженер од Хемшир, јужна Англија, е роден во 1908 година.

Тој ги преживеа епидемиите на шпанската треска, колера и сипаници и сега се наоѓа во карантин во својата куќа за време на вирусот корона, јави Би-Би-Си.

Минатата година тој го прослави својот 111 роденден со многу пријатели во својот стан, но оваа година роденденот ќе мора да му биде поинаку организиран.

Се е откажано, нема гости, нема прослава, рече Вајтон.

Извор:МИА