Најстарата руска поштарка на 83. години сè уште носи пошта по планинските села

132

Поштарката Екатерина Џалева на свои 83 години, повеќе од 50 години разнесува пошта пешки по истата планинска рута во Северна Осетија. Посетувајќи ги жителите на трите села, таа дневно пешачи околу 40 километри, шест дена во неделата.
Џалева признава дека денеска често „забошотува“ бидејќи жителите во селата каде што носи пошта ја познаваат, па кога ќе ја сретнат ја земаат со себе во нивните автомобили и ја превезуваат понатаму.

“Мојата плата не е голема, но ми помага. Полесно ми е кога шетам, кога разговарам со луѓе. Доживеав многу страдања во животот и кога не правам ништо, размислувам за тоа и ми е тешко. Но, кога ќе ја напуштам куќата станува полесно“, рече Џалева за Ројтерс.

Својата професија, како што раскажува Џалева, ја избрала кога била дете, благодарение на локалниот поштар кој носел вести од фронтот за време на Втората светска војна.

„Си реков дека кога ќе пораснам, дефинитивно ќе станам поштар. Тогаш луѓето ќе ме чекаат и ќе ме сакаат“, раскажа за Ројтерс, ветеранката на поштенската служба.