Најстарата гејмерка на светот има 90 години и омилена и е GTA/ВИДЕО

95
Фото: Printscreen, You Tube

Хамако Мори официјално е признаена за најстара гејмерка во светот. Родена е на 18 февруари 1930 година и има 90 години, a nејзиниот YouTube канал моментално има над 150.000 претплатници.

Хамако почнала да игра видеоигри пред 39 години, се заинтересирала за тоа откако ги видела децата како играат, пишува GuinnessWorldRecord.

„Изгледаше толку забавно и мислев дека не е фер само децата да играат. Мислев дека животот ќе ми биде позабавен ако знам да играм. Така почнав на почетокот да играм кога другите не ме гледаа“, призна Хамако која ги чува повеќето конзули и софтвери купени низ годините.

Омилена игра ѝ е Grand Theft Auto V.

„Тоа е како гледање филмови. Најмногу ми се допаѓа бидејќи има ограничувања на возраста, така што децата не можат да го играат“, вели Хамако.

Причината поради која почнала да ги пренесува видеозаписите за игрите на YouTube е затоа што сака да го подели искуството во играње со другите.

„Тоа е таква загуба, ако јас единствено уживам во тоа“, вели таа.