Многу луѓе, особено помладите обожуваат да играат онлајн видео игри, но во таа група ретко се сретнуваат баби. Тие се оние кои ги подготвуваат најдобрите јадења, прават зимница и се грижат никогаш да не ви студи. Но, верувале или не,- истите тие баби можат да бидат жестоки противници во светот на онлајн игрите. Најдобар доказ за тоа е Ширли Кари.

Кари е најстарата гејмерка на светот, а се прославила откако на Јутјуб објавила видео во кое ја игра популарната игра “Skyrim”. Речиси преку ноќ, нејзиното сандаче било преплавено со пораки, а нејзиното видео набрзо станало вирално.

“Кога сфатив какви сè коментари добивам, ми стана многу забавно. Некои од нив беа навистина емотивни, а со текот на времето продолжив да примам позитивни коментари од истите луѓе и почнав да се врзувам за нив. Дел од коментарите навистина ме расплакаа, а некои беа толку смешни што со денови се смеев”, изјавила Ширли.

Иако не сакала големо внимание, таа отворила Јутјуб канал за да следи разни гејмерски канали кои ја интересирале, а со гејминг започнала да се бави во своите 90-ти.

Таа игра разни видео игри како што се “Ark: Survival Evolved”, “Fallout 4” и “No Man’s Sky”. Во текот на денот, оваа пензионерка снима видеа за својот Јутјуб канал и се допишува со фановите.

Нејзината инспирација за бавење со гејминг поттикнува од фактот дека редовно игра игри со своите 9 внуци. Нејзините внуци ја имаат таа среќа да уживаат во играњето со нивната баба, а сега слична привилегија имаат и интернет корисниците.