Пржилница за кафе во Лос Анџелес нуди шолја од овој пијалок за 75 долари, а оттаму велат дека нивното кафе е најскапиот во светот.

Klatć Coffee објави дека нивното кафе “Elida Geisha Natural 803” е најскапото на светот, а клучот е во името: бројката 803 се однесува на 803 долари платени за половина килограм од ова кафе на аукција.

Кафето било продадено на аукција после освојувањето наградата за најдобро панамско кафе. Вкупно биле достапни само 50 килограми од ова кафе, што предизвикало жестока конкуренција и голем интерес кај купувачите. Кафето било продадено на купувачи во Јапонија, Кина и Тајван, како и на еден американски купувач.

Купувач бил калифорниското Klatć Coffee, кое купило пет килограми кафе и сега го продава по цена од 75 долари по шолја во еден од неговите кафулиња во Сан Франциско. Но, во кафуле, не можете да влезете само така и да нарачате кафе. Мора да имате „искуство“ во дегустација на кафе.

Компанијата објави дека кафето има цветен карактер и може да се почувствува јагода, малина и боровинка. Кафето веќе е распродадено, објави Klatć Coffee.