Кафето е популарен пијалок што ја зајакнува енергијата и се консумира во целиот свет. Успехот на кафетериите како компанијата „Старбакс“ говори за популарноста на истото. Истражувањата покажуваат дека глобалниот пазар на инстант кафе се очекува да достигне 36,3 милијарди американски долари во 2020 година. Веројатно и вие сте една од причините за овој раст.

Постојат многу причини зошто кафето е популарно ширум светот, а најмалку на тоа влијаат митовите и легендите за кафето, кои стојат зад потеклото на овој пијалок. За почеток, овој пијалок е прифатен од повеќето религии. Кафето беше широко користено и во време кога алкохолот беше забранет.

Кафето содржи кофеин што ги стимулира мозокот и сетилата. Има прекрасна арома што го храни мозокот со енергија. Кафулињата станаа популарни центри за дружење, средба и други социјални и деловни активности.

Дали знаете кои се најскапите кафиња во светот? Ви претставуваме некои од нив?

Hawaiian Kona Coffee, 34 долари за килограм – има фантастичен и единствен вкус. Ова кафе е дефицитарно, а се прави од редок вид на грав, затоа се продава во мешавина од 10% кона кафе и 90% евтина сорта на кафе.

 

 

Los Planes Coffee – 40 долари за килограм – се одгледува во Салвадор и вкусот има „жица’ на кафен шеќер и мандарини со карамел. Иако е скапо, вистинските љубители на кафе се подготвени да одвојат одредена сума за овој напиток.

Starbucks Quadriginoctuple Frap – 47,30 долари за килиграм, е најскапото кафе на Старбакс. Има висока цена бидеќи се состои од повеќе егзотични и ароматични состојки.

Fazenda Santa Ines – 50 долари за килограм. Врв на ова кафе е овошниот и сладок вкус. Се одгледува повеќе од 100 години во близина на планината Мантикуера во Бразил.

Saint Helena Coffee – 79 долари за килограм. Наполеон ова кафе го одгледувал на островот Света Елена, по што го добило името. Кафето има висококвалитетен вкус на карамела со примеци на цитруси.

Hacienda La Esmeralda – 350 долари за килограм. Ова кафе има освоено бројни награди за квалитет на кафе во последните години. Се одгледува во Панама во сенките на стеблата на гуава. Има фантастичен и богат вкус.

Black Ivory Coffee – повеќе од 500 долари за килограм. Ова кафе е произведено од зрна арабика. Го подготвуваат слоновите кои ги јадат зрната на арабика и ги процесуираат низ нивниот метаболизам. Нивната желудочна киселина ги разградува протеините на зрната и му дава карактеристичен вкус на пијалокот. Ова кафе е ретко и скапо. За шоља „блек ајвори“ ќе треба да одвоите дури 50 долари, што моментално го прави најскапо на светот.