Најсексапилниот дедо, диџејот Џанлука, ужива во семејната идила на Флорида – Уловен од папараците

686

Добро познатиот италијански диџеј Џанлука Ваки, чие богатство се проценува на околу 350 милиони британски фунти, деновиве е прогласен за Најсексапилен дедо на нашата планета за 2023 година. Иако има само 55 години, тој е веќе целиот побелен во косата и во брадата, па изгледа 15 години постаро. Иако е така, жените го одбраа токму него, најмногу поради, како што велат, извајаното тетовирано тело, кое многу им е секси.

Џанлука е уловен од папараците како ужива на плажите на Флорида во Мајами, со сопругата Шерон и со ќерката Блу Ваки. Шерон изгледа совршено во еднодневен црвен костим за капење, со качкет на главата.

Може да видите дека Џанлука „пука“ од задоволството во својата вистинска семејна идила. Дури и во моментот кога ги забележа папараците, тој не се налути. Почна да им мавта со рацете, носејќи ја во прегратка својата галеничка – малата Блу.