Најразличен отпад ја затна канализацијата во село Драчево

110

Повторно отпад од секаков вид изминативе денови е изваден од страна на екипите на секторите Канализација и механизација при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, при одзатнување на канализацијата во селото Драчево и покрај апелите за одговорно однесување.

Како што велат од претпријатието тоа е резултат на неодговорно и несовесно користење на канализацискиот систем и нагласуваат дека канализацискиот систем не е депонија. 

-Во село Драчево, на улицата „Речиште“ беа исчистени и одзатнати пет шахти со длабочина од четири метри како и цевките кои ги поврзуваат. Причина за нивно затнување беше отпад од секаков вид – потенцираат од секторот Канализација и апелираат на совесно и одговорно користење на канализацискиот систем, но и потсетуваат дека тој не е место за одлагање на отпадот.