Најпосле откриено кои се Аргентинките со голи гради

802

Изминатата недела, во можеби најинтересното финале во историјата на светските првенства, репрезентацијата на Аргентина ја победи Франција после пенал-рулетот и по трет пат го освои драгоцениот пехар. За „гаучосите“ тоа е трета титула, а за Лионел Меси прва, но истата добива уште повеќе на значење поради фактот дека капитенот на Аргентина беше прогласен за најдобар фудбал на завршниот турнир во Катар.

Аргентинците од 1986 година го чекаа овој момент, а после освоената титула започна незапамтеното славје во Буенос Аирес и во останатите аргентински градови. Успехот на „гаучосите“ се слави низ целиот свет, најмногу поради Лионел Меси затоа што голем е бројот на неутрални фанови кои само поради Меси навиваа за Аргентина. Финалето против Франција уште долго ќе се прераскажува затоа што беа постигнати шест голови во 120 минути, а како шлаг на тортата беше пенал-рулетот.

Аргентинските фанови правеа невидена фешта на трибините за време на целиот турнир, а така беше и после големиот триумф во финалето. Сите беа во транс после победничкиот погодок на Монтиел, но убедливо најголемо внимание привлекоа голите гради на атрактивните Аргентинки.

Видео-клипот со голите гради сосема очекувано е најголем хит на социјалните мрежи, а неколку часа подоцна, медиумите отрија за кои девојки станува збор. Едната девојка на Истаграм е позната како „noe.dreams1“. Интересно, таа има само 54.8 илјади фанови, но нема дилема дека таа бројка ќе биде десет пати поголема откако ќе се дознеа дека таа е која ги покажа голите гради на целиот свет.

Друштво на трибините и тоа со голи гради, и правеше Милу Барби, која има 86.2 илјадни фанови на Инстаграм. Од тоа што може да се види на таа социјална мрежа лесно може да се дојде до заклучок дека двете уживаат во убавиот живот, во посетите на егзотичните дестинации и во репрезентацијата на Аргентина.

Дека имаа јасен план говори и фактот дека брадавиците ги покрија со нацртаното аргентинско знаме. За среќа, нивниот потег остана неказнет од катарските власти затоа што целото внимание во тој момент беше насочено кон Лионел Меси и неговите репрезентативни колеги.