Додека светот се подготвува за уште еден НФЛ-спектакл, познатиот шминкер Џефри Стар реши да ја шокира јавноста. Јутјуберот и интернет-сензација откри дека има момче во најдобрата лига на американскиот фудбал, па на својот инстаграм-профил објави заедничка фотографија. Сепак, умешно го скри своето момче и не се знае за кого станува збор, но ова е доволно за еден од најсочните трачови во американскиот спорт.

Со оваа објава, Џефри предизвика неверојатно внимание во јавноста, а на социјалните мрежи многумина се обидуваат да го погодат името на неговото момче. Навивачите отидоа дотаму што ги бараа сите тимови што носат бои слични на онаа на неговата јакна, потоа ја споредија неговата коса и бојата на кожата со висината на играчите на тие тимови и на крајот го следеа распоредот на натпреварите за да утврдат кој би можел да има време да се забавува со познат шминкер.

  • Неговиот тим не отиде на Супербол, но висок е 198 сантиметри и игра совршено во кревет – напиша Џефри, заедно со фотографија од двајцата.

Сепак, многу е тешко да се препознае неговиот партнер. Џефри позираше и се фотографираше пред огледалото, но момчето е свртено со грбот и се гледа само неговата заднина, поради што на социјалните мрежи се води голема полемика за неговиот идентитет.

Џефри Стар, покрај огромната популарност што ја стекна на Јутјуб, е познат и по авантурата што, веројатно, го растури бракот на Кање Вест и Ким Кардашијан. Наводно, еден од најпознатите шминкери го завел Кање Вест, а Ким Кардашијан подоцна дознала за геј-аферата. Набрзо нивната врска стана катастрофална, а Џефри долеа масло на огнот, бидејќи напиша на социјалните мрежи дека се наоѓа на истите локации како Кање.