НАЈНОВИОТ СОЈ НА КОРОНА ПРИСТИГНА ВО ЕВРОПА

495

Идентификуван е еден случај на сојот Ну во Белгија, соопштија болниците.

Сојот Б.1.1.529 првично детектиран во Јужна Африка, и попознат под името Ну има многу брз капацитет на репродукција и е веќе присутен во повеќе земји.

Белгиската Универзитетска болница во градот Лувен информираше денеска дека едно лице во Белгија е инфицирано од овој нов и високоризичен сој, јави јавниот сервис, РТБФ.

За сега нема повеќе детали.

Според последните информации од болницата, станува збор за млада жена која се вратила од патување во Египет преку Турција. Симптомите се појавиле единаесет дена откако престојувала во Египет.

Пациентката не е вакцинарана, и вели дека немала никаков ризичен контакт освен со нејзините блиски дома. Ниеден друг член од нејзиното семејство нема симптоми, но сите ќе бидат тестирани.

Случајот во Белгија со најновиот сој е и прв случај во Европа, изјави премиерот на Белгија, Александер Де Кро.