Најнизок раст на британската економија од 2012 година

48

Британската економија забележа најнизок раст во изминатите шест години, што се објаснува со неизвесноста поради излезот на земјата од Европската унија.

Според податоци на Британскиот завод за национална статистика (ОНС), британската економија во 2018 година пораснала за 1,4 отсто, наспроти 1,8 отсто претходната година.

Тоа е најнизок годишен раст во Велика Британија од 2012 година, кога исто така изнесуваше 1,4 проценти.

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд рече дека бројката е „солидна“ со оглед на моменталните околности, но призна дека британската економија страда поради Брегзит.

– Колку порано го решиме тоа, толку подобро, бидејќи побрзо ќе можеме да се свртиме кон повисока стапка на раст во иднина, истакна Хамонд.