Во второто тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,78 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголем број слободни работни места, 3 690, има во секторот услужни дејности и продажба.

Според податоците, највисока стапка на слободни работни места од 4,64 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,16 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,54 отсто.

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,72 процента.