Најмладите пингпонгари учесници на европски камп во Унгарија

59

Александар Јакимовски, Сара Стојановска и Лука Стојчев придружувани од тренерот, професорот Сашко Богатинов учествуваат на пинг понгарски камп во Унгарија.

На пингпонгарскиот камп учествуваат вкупно 76 играчи од 24 Европски држави. Кампот е од изборен карактер, при што врз база на оценување на играчите според однапред поставени критериуми ќе бидат избрани 20 играчи кои понатаму ќе учествуваат на понапредни кампови под покровителство на ИТТФ.

Испраќањето на Александар, Сара и Лука е само почеток на реализацијата на планот на Пинг понг федерацијата на Северна Македонија за инвестирање во напредокот на младите играчи, со крајна цел во иднина нашата репрезентација да биде конкурентна на натпреварувањата на ниво на Балкански и Европски натпреварувања.

На следниот камп кој што ќе се одржи во Хрватска, ППФМ ќе испрати друга група на играчи.

И во иднина ППФМ ќе продолжи со организирање на учество на играчи на пинг понг кампови водени од еминентни тренери кои се признати на Европско и светско ниво