Најмалку 17 ранети при напад врз автобус со туристи кај пирамидите во Гиза

102

Најмалку 17 лица, меѓу кои и странски туристи, се ранети денеска при експлозија на бомба крај туристички автобус во близина на новиот Голем египетски музеј, што се гради во реонот на познатите пирамиди во Гиза.

Египетските безбедносни сили го потврдија нападот, посочувајќи дека меѓу жртвите им Египќани, како и државјани на Јужна Африка.

– Експлозивна направа беше активирана покрај ѕидот на музејот, изјави за ДПА претставник на безбедносните сили, кој побарал анонимност.

Досега никој не презеде одговорност за нападот, изведен со поставена експлозивна направа, која била активирана кога крај неа минувал автобусот.

Нападите врз египетските безбедносни сили и припадниците ја коптското христијанско малцинство зачестија во Египет по соборувањето од власта на претседателот – исламист Мохамед Морси од страна на Армијата во 2013 година.