Во бањата Тухелске топлице во Хрватска во тек е масовна евакуација, откако најмалку 16 туристи се затруле од истекување на хлор.

Во општата болница во Забок пренесени се 14 лица, од кои еден има големи тешкотии со дишењето, додека две лица се пренесени во болница во Загреб, пишува Хина.

Најголем дел од пациентите кои пристигнале во болницата се туристи од Словенија, Италија и Холандија.

Во жупанискиот центар за итни ситуации во Крапина доцна попладнето примиле неколку пријави од вработени и посетители на туристичката компанија Терме Тухељ од Тухелске Топлице, за непријатен мирис на хемикалии и респираторни проблеми на посетителите во просторот за капење, објавија на веб-страницата на Дирекцијата за цивилно Заштита.

За инцидентот биле известени Итната медицинска помош, пожарникарите и полицијата. Посетителите се евакуирани од просторот за капење, повредите на присутните главно се поврзани со респираторни и кожни иритации.