Најмалку 16 лица загинаа во судир на каминон и минибус во Доњецк

42

Најмалку 16 лица загинаа, а тројца се повредени во судир на камион и минибус во округот Шахтер во Наордна Република Доњецк, соопштија денес итните служби.

Како што е наведено, се судриле камион во кој имало војници и минибус на патот Шахтерск-Торез.

Тројцата повредени се сместени во болница, пренесе ТАС С.

Како што е соопштено, оперативните служби ги утврдуваат околностите на судирот.