Најмалку тројца убиени во пукањe во куглана во Калифорнија

33

Најмалку тројца мажи се убиени, а четворица се повредени во пукањето во кугланата во близина на Лос Анџелес.

Полицијата на градот Торанс претходно на Твитер соопшти дека има информации за пукање со повеќе жртви.

Пукањето се случило во „Гејбл Хаус Боул“ во Торанс, крајбрежен град на околу 30 километри јужно од Лос Анџелес. Во кугланата исто така имало ласерски и аркадни игри.

Во ноември, вооружен напаѓач отвори оган во преполн бар за кантри музика во пошироката област на Лос Анџелес, при што уби 12 лица, а потоа се самоуби.

Полицијата во градот Таусанд Оукс го идентификуваше напаѓачот како 28-годишен поранешен маринец.

Тоа убиство се случи помалку од две недели откако еден 46-годишен човек уби 11 луѓе во синагога во Питсбург. Осомничениот напаѓач е обвинет по 44 точки, вклучувајќи и религиозни злосторства од омраза, и ако биде осуден може да добие смртна казна.