Најмалку осум лица загинаа, а над 20 се повредени во експлозија во Кабул

30

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени во денешната експлозија на бомба на популарна шопинг улица во Кабул, соопштија болнички службеници и очевидци.

Бомбата експлодирала во западниот кварт на градот, каде редовно се собираат припадниците на малцинската шиитска заедница, пренесува Хина.

Терористичката „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Телеграм.

Висок болнички извор од приватна болница изјави дека најмалку осум лица загинале, а 22 се повредени.

Нападот се случил пред Ашура, шиитско одбележување на мачеништвото на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.

Во вчерашнатао експлозија во Кабул, исто така извршена од т.н. Исламската држава, загинаа најмалку осум лица, а 18 беа повредени.

ИД не контролира ниту една област во Авганистан, но има ќелии на прикриени терористи кои ги напаѓаат верските малцинства и патролите на владејачките талибанци.

Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан минатиот август по две децении бунт. Тие ветија поголема заштита на шиитските џамии и другата инфраструктура.