Короната ги затвори музеите во Венеција, Милано и Торино

257

Музеите во Венеција, Милано и Торино ќе бидат затворени најмалку една недела поради ширењето на корона вирусот. Затворањето на јавните и приватните музеи е најавено откако во северна Италија е потврдено повеќе од 20 случаи заразени со овој вирус, пренесе магазинот за уметност Art Newspaper.

Беспалтниот влез во музеите пак, што се нудат секоја прва недела во месецот е суспендиран со одлуката на Министерството за култура на Италија.

Во Венеција е затворена и палатата Дукале, како и Музејот Пеги Гугенхајм, а на 23 февруари предвреме е затворен и познатиот карневал во Венеција, кој требаше да трае уште два дена.

Исто така откажани се и случувањата во Палатата Граси на францускиот милијардер и колекционер Франсоа Пино.

Официјалните лица од Ломбардија, пак, изјавиле дека музеите во Милано ќе бидат затворени најмалку една недела.

Слична е и ситуацијата во Торино каде што локалните власти најавија дека ќе бидат затворени најмалку до 29 февруари. Д.Т