Најмалку еден загинат при земјотресот на Филипини

47

Најмалку едно седумгодишно девојче загина во силниот земјотрес што ги погоди Филипини. Трагедијата се случила кога врз девојчето се урнала зграда во градот Тулунан.

Локалните власти во општината Магсаисај соопштија дека во земјотресот се повредени 20 луѓе, а голем број станбени згради се уништени.

Земјотресот со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Минданао, во јужниот дел на Филипини.

Епицентарот на земјотресот бил на 62 километри од градот Давао, на длабочина од 20 километри.