Најмалку еден загинат во експлозијата во Ереван, се стравува дека бројот на жртви ќе расте

45

Експлозија се случи во трговскиот центар „Сурмалу“ во Ереван, соопшти ерменското Министерство за вонредни ситуации.

Според првичните информации на Министерството, најмалку едно лице загина, а над 20 се повредени.

Локалните медиуми пишуваат дека се стравува дека голем број луѓе се затрупани по силната експлозија и дека бројот на настрадани само ќе се зголемува.