Најмалку двесте исчезнати по пукањето на рударската брана во Бразил

41

Најмалку двесте луѓе се исчезнати откако денеска пукна рударска брана во југоисточниот дел на Бразил, поплавувајќи го подрачјето во близина на населбата Вила Фертеко, што предизвика страв од ширење отровен отпад и можно загадување на животната средина.

Пожарникарната служба соопшти дека повеќе десетици лица се заробени на местото на несреќата.

Бразилската рударска компанија „Вале СА“ соопшти дека се уште нема информации за евентуални жртви или повредени, но наведе дека рударскиот отпад стигнал до населбата Вила Фертеко и до административните канцеларии на државата Минас Жераис.

Како што пренесуваат локалните медиуми, делови од градот се евакуирани и пожарникарите ги спасувале луѓето со хеликоптер и со возила.

Претседателот Жаир Болсонаро напиша на Твитер дека жали поради овој инцидент и информира дека испратил тројца министри во таа област.