Најлуксузниот кревет на светот – чини 150.000 долари

118

Креветот Вивидус, се смета за најскап на светот и неговата цена е вртоглави 150.000 долари. Компанијата Hästens, која стои зад производството на креветот го проценува како најлуксузен на светот.

Креветот е изработен од слоеви на природен материјал како коњски влакна, овозможувајќи му на душекот да дише, да остане сув и да одржува пријатна температура.

За изработка на овој кревет се потребни дури 320 часа. Она што е интересно е што оние кои спијат на креветот имаат чувство како да плутаат и мала е веројатноста дека ќе се разбудат ненаспани.