Гигантот во производство на спортска облека „Најк“ на вработените им даде слободна седмица и се приклучи на компаниите кои им даваат одмор на вработените покажувајќи дека се грижат за менталното здравје на своите работници.

Мет Марако, менаџер во компанијата „Најк“ најави дека „се исклучува“ во понеделник.

„Сите наши постари лидери испраќаат јасна порака – Одвоете време за да се опуштите, одете и поминете време со своите најблиски. Не работете“

Марако изразува уверување дека одвојувањето на време за одмор и за опоравување е „клуч за добро функционирање“.

„Минатата година беше исклучително тешка поради пандемијата со коронавирусот. Тоа беше трауматично доживување за сите нас“, вели менаџерот во „Најк“.

Тој верува дека оваа мерка ќе има позитивно влијание на вработените и на културата во работата и дека ова е добар потег на компанијата.

„Работата може и понатаму успешно да се извршува и кога здравјето е ставено на прво место“, вели Марако.