„Уживам, но и подготвувам големо изненадување. Наскоро ќе дознаете за што се работи“, напиша мегапопуларната пејачка Цеца Ражнатовиќ која, среде зима, летува на Малдивите. Како на кого ќе му се погоди во животот, па така и на Цеца, додека позира со очила во секси бикини на белиот песок, наведната на некоја палма.

Нејзините жестоки противници коментираат дека „додека селото гори, баба се чешла“, па така и Цеца ги троши парите, додека многумина немаат ни за леб.
Цеца ништо не им одговори на таквите, туку напротив, ги поздрави само своите фанови, кои ѝ порачаа: „Најубава си“, „Ти си кукла иако си баба“, „Цеки, целата гориш“, „Бомба си“, „Убедливо најзгодната естрадна баба“…