EPA/SRDJAN SUKI

Една од најзгодните спортистки на денешницата, Дарија Клишина, која се прослави со скоковите во далечина, откри дека има две деца. Оваа 31-годишна девојка објави дека се породила неодамна, но, како што јави руската агенција „РИА новости“ за неа, „никој не знаел дека таа родила дете и пред тоа“.

На крајот од јуни, Клишина роди син во Мајами, а сега се покажа дека тој е нејзин втор наследник.

  • Навистина сум затворена кога станува збор за приватноста. Па, во 2017 година, по Светското првенство што се одржа во Лондон, каде што го освоив среброто, решив да родам дете. Сè помина добро и во 2018 година се роди моето прво дете. Не се опуштив (во спортска смисла) поради тоа. Планот беше брзо враќање во спортот, бидејќи почнуваше сложената олимписка сезона. И почнав да скокам по осум месеци од породувањето – започна Клишина.

Како што откри, таа ги родила двајцата синови во Соединетите Американски Држави.

  • Постариот го виде светот во Њујорк, помладиот во Мајами. Се породив традиционално, во болница, под будното око на искусни лекари. Не сум од оние што сакаат експерименти, пораѓање дома или во необични услови. Нека го прават тоа блиските, никого не осудувам. Најважно е жената да се чувствува смирено. Поддршката ми беше прекрасна, сопругот цело време беше со мене, а вториот ден ми дозволија да си одам дома – додаде атлетичарката.

Клишина е двократна европска шампионка во скок во далечина во сала, има и злато од Летната универзијада во Казан во 2013 година, како и бронза од Европското првенство во 2014 година.

Сезонава не настапува поради породувањето.