Најдолгата преселба:кукавица преминала пат од 12.000 километри, од зимското живеалиште до дома

185

Една кукавица поминала пат од 12.000 километри, летајќи од јужна Африка до Монголија, што е најдолгата селидба на некоја копнена птица, изненадувајќи ги сосема научниците.

Користејќи ознака која овозможува сателитско следење, научниците утвридле дека кукавицата преминала пат подолг од 12.000 километри за да се врати од своето зимско живеалиште во Монголија, пренесе Би-Би-Си.

Таквите ознаки биле прикачени на пет птици во Монголија минатото лето во рамки на заедничкиот проект меѓу локалните научници од Британскиот фонд за орнитологија за да се следат миграциите на долги далечини.

Една ознака била прикачена на птицата наречена Онон, која своето зимско живеалиште во Замбија го напуштила на 20 март. Пртицата поминала илјадници километри над Индискиот океан без запирање, летајќи со просечна брзина од 60 километри на чад, и прелетала над 16 земји за на крајот да дојде до Монголија.

Друга птица по име Брајан, која зимата ја поминала во близина на Килиманџаро во источна Африка, стасала до Јунан во Кина, каде што најверојатно починала од исцрпеност или ја убиле предатори. Таа птица за две недели прелетала 10.000 километри поради што научниците сметаат дека немала доволно сила да преживее.

Од Британскиот фонд за оринтологија тврдат дека сателитското следење открило многу за долгите преселби на птиците. Тие сметаат дека цената на миграцијата не е толку голема како што се сметало во минатото, ама напоменуваат дека овој пат е секогаш полн со бројни опасности, од предатори, грмотевици, изгладнување.

Извор:www.bbc.com