Најдоброто место во светот за живот во пензионерски денови се наоѓа на Балканот!

1417

Германскиот магазин „Фокус“ го прогласи градот Требиње во БиХ за најдобро место на светот за живот по замувањето во пензија.

Магазинот ја направил ранг-листата со споредување на 575 градови во аветот, а критериумите меѓу другото се и безбедносната ситуација и квалитетот на здравствената заштита според странците што живеат таму.

Во изборот за најдобро место за живот во пензионерските денови земени се предвид и просечната кирија и трошоци за живот, добрата клима, квалитет на воздухот и колку брзо и без стрес може да се помине низ градот со автомобил или со јавен превоз.

Според оценката на „Фокус“, Требиње освоило 81,9 од вкупните 100 бода со што годинава го симна од врвот минатогодишниот победник, грузискиот град Батуми.

Во описот на најдоброто место во светот за пензионерски денови, германскиот магазин пишува дека Требиње се наоѓа на најјужниот дел од БиХ, блиску до морето и дека тоа е најмалото место што се нашло на оваа листа.