Американскиот тенис моментално го тресе голем скандал со коцкање. Тандемот селектори на американската репрезентација, Боб Брајан – Марди Фиш, се обвинети од ИТИА (организација што се занимава со интегритетот во тенисот) за промовирање на коцкање на социјалните мрежи.

Овие двајца поранешни тенисери ќе сносат големи последици. Прво, ќе бидат суспендирани од тенисот на четири месеци, а потоа ќе треба да уплатат по 10.000 долари во буџетот на оваа организација. Тие двајца моментално служат како членови на Дејвис куп-тимот на САД, па тоа е голем удар за нив.

Боб Брајан е, веројатно, најдобриот играч во двојки во историјата на овој спорт. Тој освои 119 турнири, а, заедно со својот брат близнак Мајк, освои и злато на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.

Марди Фиш беше професионалец 15 години и за тоа време успеа да земе шест титули на АТП-турнејата, а седмото место му е највисок пласман.