Данскиот ракометен репрезентативец Микел Хансен, кој настапува за францускиот ПСЖ, со години е најдобриот во овој спорт. Но оваа сезона предвреме заврши за него, откао му беше дијагностицирана опасна болест.

Данецот минатата недела беше опериран поради проблеми со ‘рскавицата на коленото, а по враќањето во Франција се соочи со посериозен проблем.

Имено, овој 34-годишник боледувал од воспаление на вените во комбинација со белодробна емболија, но што е најважно во моментов нема опасност по неговиот живот.

Хансен сега ќе мора да паузира од раометните терни од четири до шест месеци, бидејќи болеста ќе се лекува со антикоагуланси кои се „некомпатибилни со контактни спортови на високо ниво“.

Данецот со репрезентацијата освои се што може да се освои, додека три пати официјално беше избран за најдобар ракометар во светот. Десет години е член на ПСЖ, но со овој тим никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Тој лани се согласи да игра за Алборг од сезоната 2022/23, но прашање е дали некогаш повторно ќе истрча на ракометни терени.