Најдобрата тенисерка нема да игра во Њујорк

75

Грен слем турнирот САД Опен, оваа година би можел да се одржи без најдобрите тенисери во светот, бидејќи многу немаат намера да патуваат во Њујорк на крајот од август заради коронавирусот.

Светскиот женски тениски рекет број еден Ешли Барти не е сигурна дека ќе игра на САД Опен. Таа ќе почека да види како ќе се развива ситуацијата.

Пред извесно време Симона Халеп, втората тенисерка во светот потврди дека нема да патува во САД, а од турнирот се откажа и Елена Свитолина, која моментно е петта тенисерка во светот.

Она што може да ги радува организаторите е тоа што Серена Вилијамс го потврди учеството на турнирот.