Најдоа начин за да ја уништат Премиер лигата

172

Легендарниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал и актуелен шеф на секторот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер го сподели своето мислење за идејата за создавање на европска Суперлига. Трофејниот француски стручњак е убеден дека таквиот проект има само една цел, да ја уништи англиската Премиер лига затоа што англискиот шампионат е супериорен во споредба со другите европски лиги.

  • Премиер лигата е супериорна во однос на другите лиги. Овие лиги се обидуваат да ја уништат предноста што ја има Премиер лигата. Најдоброто што можат да сторат во врска со тоа е да создадат европска Суперлига која ефикасно би ја уништила Премиер лигата. Значи, ако успеат да се договорат со врвните клубови во Премиер лигата, тоа ќе се случи, изјави Венгер.

Поранешниот предводник на популарните „топчии“ додаде дека за клубовите кои ќе ја форсираат идејата за европска Суперлига парите се на прво место.

  • Живееме во период кога сопствениците на клубовите се инвеститори. Нивниот прв приоритет е заработка. А, европската Суперлига е еден од начините да се заработат повеќе пари, додаде Венгер.

Европската Суперлига предвидено е да стартува во 2022 година и во неа да учествуваат најбогатите европски екипи од Шпанија, Италија, Англија, Германија и Франција.