Дома СПОРТ Најден е авионот во кој леташе фудбалерот Емилијано Сала

Најден е авионот во кој леташе фудбалерот Емилијано Сала

82


Вечерва е најден авионот со кој леташе фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала со пилотот Дејвид Иботсон , кој пред речиси две недели падна во водите на Ла Манш.

Откако по три дена од несреќата , не беа најдени телата, спасувачите ја прекинаа потрагата . Со донации , најмногу од колегите фудбалери , беа многу бргу собрани 300 000 евра , со кои се обнови потрагата со приватна компанија. Бродот со кој се водеше потрагата од вчера, вечерва ги најде остатоците од авионот на дното на Ла Манш.

Фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон уште се водат за исчезнати, па веројатно наскоро ќе бидат прогласени и за мртви.
Сала требаше да биде најскапото засилување во историјата на Кардиф, но се случи големата трагедија која го потресе фудбалскиот свет.