Во сенка на Новак Ѓоковиќ и неговите проблеми во Австралија, случајот со вториот најпознат антиваксер во светот, Кари Ирвинг, доби нов заплет кога новинарот на „Дејли Њуз“ откри дупка во законот дека ѕвездата на Бруклин Нетс може да биде дел од сите натпревари на својот тим.

Според правилата со градот Њујорк настанати поради коронавирусот, на сите невакцинирани граѓани им е забрането да присуствуваат на големи собири во затворен простор, вклучително и кошаркарски натпревари. Затоа Ирвинг не смее да игра на домашни натпревари, но Нетси му дозволија да се врати во тимот на новогодишната ноќ и да игра барем на гости.

Стефан Бонди од „Дејли Њуз“ најде дупка во уредбата бидејќи за прекршителите се предвидени парични казни, кои се зголемуваат со секој следен прекршок. Бонди пишува дека е дадено предупредување за првиот прекршок, следува парична казна од 1.000 долари, за вториот – 2.000 долари, за третиот 5.000 долари итн.

Тоа се пари кои може да си ги дозволи сопственикот на еден од најбогатите клубови во светот, Џо Цаи, но и самиот Ирвинг, кој зима еден куп пари како плата.