Најголем ку*вин син кој сите го мразат

304
epa10358366 Goalkeeper Emiliano Martinez of Argentina (R) reacts with Lionel Messi after winning the FIFA World Cup 2022 quarter final soccer match between the Netherlands and Argentina at Lusail Stadium in Lusail, Qatar, 09 December 2022. EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Аргентинскиот голман, Емилијано Мартинез, го разочара фудбалскиот свет со своето однесување за време на финалниот натпревар од СП 2022 против Франција, а посебно ги навреди француските фанови откако ја доби наградата за најдобар голман на завршниот турнир. Сепак, ниту Французите не му останаа должни, а прв реагираше поранешниот репрезнтативец Адил Рами.

Маринез е далеку попознат по своето арогантно и безобразно однесување, а тоа го докажа и за време на финалниот натпревар. Прво ги нервираше француските фанови со срамното однесување за време на пенал-рулетот, а кога ја доби наградата за најдобар голман на турнирот, истата ја стави меѓу нозете и се сврти кон навивачите на противничкиот тим.

По свечената церемонија, Маринез изјави дека тоа го направил затоа што фановите на „Галските Петли“ постојано го навредувале и му свиреле. Неговите глупости продолжија и во соблекувалната кога побара од репрезентативните колеги „минута молк за Килијан Мбапе“, а за време на шампионската прослава во Буенос Аирес, Мартинез во раката имаше детска кукла со маската на Мбапе.

Таквото срамно однесување на голманот на Астон Вила ни малку не му се допадна на дефанзивецот на Троа, Адил Рами кој испрати јасна порака до Аргентинецот.

  • Најголем ку*вин син во фудбалскиот свет. Човекот кој сите го мрзат во фудбалот, објави Рами на својот инстаграм профил.

Исто така, Рами напиша дека ФИФА има направено голема грешка со одлуката Мартинез да биде прогласен за најдобар голман на СП во Катар и дека таа награда ја заслужил мароканскиот голман Боно.

Рами има одиграно 36 натпревари за националниот тим на кои постигна еден гол и ја има освоено светската титула на Мундијалот во Русија.