За секој хороскопски знак постојат одредени претпоставки или специфични карактеристики. Така за Биковите се вели дека се тврдоглави, за Лавовите дека сакаат внимание од другите, за Вагите дека се праведни, ама нерешитечни…

Меѓутоа, секој астролошки знак крие многу повеќе од она што може да се види на прв поглед. Сите ние име некои тајни и несигурности со кои се бориме низ животот, а кои на некој начин се поврзани и со нашиот астролошки знак.

ОВЕН

Овој знак од хороскопот е вечен борец за своето мислење – тоа е она што светот го гледа бидејќи Овенот тоа страсно го покажува. Меѓутоа, тајната на Овновите е дека тие длабоко во себе воопшто не се самоуверени како што изгледаат и се чувствуваат како измамници.

БИК

Биковите тежнеат за сигурен и стабилен дом и уживаат во тоа. Но и покрај трудот, посветеност и работата, Биковите мислат дека не прават се што можат и дека насмевката што ја носат на лицето е само маска.

БЛИЗНАЦИ

Душата на секоја забава и придвижувач на секоја комуникација, тоа се Близнаците. Овој хороскопски знак ги поттикнува сите околу себе да ја прифатат својата природа и да бидат тоа што се. Но, нивната тајна е што за себе мислат дека животот често им е пред распад и колку повеќе се рудат да ја приспособат својата природа , толку работите одат на полошо.

РАК

Иако имате вродени родителски вештини и цврсто верувате во создавањето на цврстите семејни врски, целата идеја за традиционално семејство и за традиционален живот за вас е еден голем предизвик. Најголемата тајна на овој знак е што тие всушност, не сакаат да имаат деца, затоа што се плашат од обврските.

ЛАВ

Сите ги гледаат како личности полни со самодоверба кои храбро зборуваат и дејствуваат токму така како што чувствуваат. Но, тајната на Лавовите е што тие всушност сакаат едноставен живот со помалку драми, очекувања и потешкоти, па зад сцената тие се всушност едноставни личности со едноставни потреби.

ДЕВИЦА

Аналитични и рационални, Девиците се посветени партнери и пријатели. Меѓутоа, иако на сите им помагаат, нивната тајна е дека не знаат како да им дозволат на другите ним да им помогнат, а за тоа да не се чувствуваат лошо или засрамено.

ВАГА

Вагите се создадени за постигнување ред и хармонија, како во својот живот, така и кај блиските. Но, големата тајна на овој знак е тоа што се чувствуваат дека се многу далеку од тоа што го претставуваат и за што се залагаат. Исто така, Вагите веруваат дека живот им е хаос, а не хармонија.

ШКОРПИЈА

Иако се познати  како магнет за луѓе, тајната на припадниците на овој знак е што тие често само ги „трпат“ другите, а, всушност, тие тежнеат за самотија и обожуваат времето да го минуваат сами, онака како што сакаат, помалку егоистично.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се познати како големи мечтатели, склони кон преземање ризик и многу сакаат авантури. Нивната тајна е тоа дека тие се во постојан страв и многу се грижат дали некаде погрешиле, дали донеле правилна одлука… Не сфаќаат дека се во животот е привремено, а каењето останува.

ЈАРЕЦ

Животот на Јарците се сведува на долгорочни цели и планови кои често им ги наметнуваат и на другите. Но, нивната тајна е дека често би сакале да бидат спонтани и помалку оптоварени со зацртаните цели, но не знаат како.

ВОДОЛИЈА

Тие се големи борци за вистината, но од сите ја кријат тајната дека таа борба ги исцрпува и ги заморува. Поради тоа Водолиите некогаш се борат бидејќи тоа се очекува од нив или за да ја пронајдат смислата што ја загубиле некаде попатно.

РИБА

Рибите се многу чувствителни и ако некој од нивните блиски страда, тие сакаат да му го залечат раните. Но, тие од другите кријат една голема тајна, а тоа дека се под огромен притисок секој ден  да го остварат тоа за што сонуваат и да им бидат при рака на роднините и на пријателите.