Најголемите „злопамтила“ меѓу хороскопските знаци, кај нив нема втора шанса

563

Да се прости е тешко, но не и невозможно. Освен ако не спаѓате во друштвото на овие хороскопски знаци, кои едноставно не можат да го направат тоа.

Ако ги повредите или навредите еден од овие три хороскопски знаци, подгответе се за казна – невообичаена и прекумерна.Тие не забораваат, планираат и го спроведуваат своите „пресуди“ директно и болно.

Бик

Една од карактерните особини на Бикот е онаа која им е најлоша: нивната решителност. Кога Бик ќе постави цел, ништо не може да го сопре. Ако Бикот помисли дека некој ја издал неговата доверба, ќе им врати, без сомневање. Тоа што Бикот го чини толку „смртоносен“ е неговата способност целосно да ги занемари своите чувства и ладнокрвно да ја изврши својата „одмазда“. Ако некој го повреди или поради некој се лувствува помалку вреден, ќе се погрижи да си го „наплати“ својот долг. Желбата за одмазда кај Бикот не поминува ниту со текот на времето.

Овен

Овенот лесно ќе ги повреди луѓето околу себе, зошто не му е грижа за нив. Кога ќе одлучи да прекине секаков контакт, ќе прави она што сака, воопшто не размислувајќи за луѓето кои би можел да го повреди со своите постапки. Така поранешниот партнер може да почувствува на своја кожа колку Овните можат да бидат ладни и бесчувствителни. Овенот не може да разбере зошто некој се чувствува повредено поради неговите постапки и затоа немој да бидете упорни да му ја докажете својата страна. Ако го испровоцирате, ќе откриете колку може да бидат сурови и дека немаат воопшто емпатија кон луѓето кои ги повредиле.

Девица

Девиците се драги луѓе, секогаш подготвени да помогнат и никогаш не би повредиле никому … Погрешно! Девиците сè што прават – прават одлично, па така и ги повредуваат другите луѓе. Тие се склони кон осудување, и знаат да бидат многу груби. Не сакаат да ги ублажат работите, и често се отворени и директни, без разлика дали ќе повредат неколку или не. Особено кога сметаат дека на долги стази вистината ќе биде најдобриот пат.