Најголемиот телескоп досега стигна до својата дестинација на 1,5 милиони километри од Земјата

66

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб стигна до својата крајна дестинација на 1,5 милиони километри од Земјата речиси еден месец по лансирањето, објави вечерва американската вселенска агенција (НАСА).

Телескопот е идеално лоциран за набљудување на вселената.

„Дојдовме еден чекор поблиску до откривање на мистеријата на универзумот“, соопшти НАСА, додавајќи дека од таа внимателно избрана локација, телескопот ќе биде од другата страна на рефлексијата на Сонцето и ќе работи во темнината и екстремниот студ потребни за проучување на Вселената преку инфрацрвени сензори.

Тоа е многу сложен инженерски скапоцен камен, тоа е најголемиот и најмоќниот телескоп кој некогаш бил лансиран во вселената. Изграден е во САД под раководство на НАСА со помош на европските и канадските вселенски агенции.

Тој со голема прецизност ќе ги истражува фазите на Космосот, од првиот период на универзумот, големата експлозија, до создавањето на првите галаксии.