Најголемата мачка на светот, која има гени на лав и тигар излезе на прошетка заедно со две храбри момчиња во Јужна Каролина. Мајк Холстон, кој на социјалните мрежи  е познат како „Вистински Тарзан“, објави видео на кое се шета со својот миленик.

Застрашувачката мачка се вика Аполо и има 319 килограми, а може да изеде се што ќе види пред себе. „Лигер“ е најголемата мачка на светот а Холстон тврди дека забите на на овој предатор се големи како неговиот среден прст, а јазикот го споредува со големината на неговата подлактица.