Роже Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, има освоено 20. грен слем титули, а го држи и рекордот со најмногу титули на порестижниот грен слем турнир Вимблдон. Но, за Швајцарецот тенисот никогаш не бил само уривање на рекорди. Дури во 2009 година кога го урна рекордот на Пит Смапрас по бројот на осовени грен слем титули ја достигна својата величина. Часовникот „Ролекс“ кој го носеше на раката тој ден, секогаш му ги враќа убавите спомени на тоа незаборавно лето. Тоа лето освен што го урна рекордот од 14. грен слем титули на Сампрас, на истиот ден стана и татко на уште еден пар близнаци.

-Уривањето на рекордите за мене никогаш не беше од голема важност. Моите цели секогаш беа многу реални, сосема нормални. Само се надевав дека во еден период од животот ќе бидам во Топ 100 тенисери, можеби и во првитер десет на АТП листата. Никогаш немав претерано големи желби за уривање на некои рекорди, изјави Федерер.

Швајцарецот откри и кога се случила неговата најголема промена во животот, изненадувачки тоа било во почетокот на неговите тинејџерски години.

-Големата промена во мојот живот се случи кога имав 14 – години и ја напуштив куќата за да тренирам во швајцарскиот национален тениски центар. Во овој период прераснав од дете во маж, тоа беа најважните три години во мојот живот. Ми требаа уште шест години истото да го постигнам на тенискиот терен и да се чувствувам целосно удобно и слободно. Морав да ја научам лекцијата на потешкиот начин, да ги почувствувам големите разочарувања откако ќе загубев уште еден меч заради неконтролираните емоции. Оној момент кога тоа добро го разбрав, се чувствувам многу подобро и задоволно, заврши Швајцарецот