Виктор и Стефан, синовите на Лепа Брена, се пофалиле дека за еден роденден добиле околу 100 илјади евра од пријателите и колегите на славната мајка, а тие пари потоа ги пренасочиле во хумани цели за помош на болните, старите, сиромашните и неподвижните лица. – Јас со брат ми имаме веќе сè во животот, така што немаме некоја специјална желба што се однесува на подароците. Единствено сакаме со тие пари да им помогнеме на оние кои немаат, објаснил помладиот Виктор Живојиновиќ

(Дуле Миќиќ/фото:ЈуТјуб,Инстаграм,ФБ)

Тие се, судејќи според гламурот на нивните роденденски журки, како “паднати од друга планета“, велат оние кои или им биле на родендени, па ги раскажуваат своите впечатоци или не можат да разберат дека не е сè во тоа да се покажат колку нивните родители имаат пари. А вистина е дека имаат, и тоа премногу! Естрадните ѕвезди кога им прават родендени на своите деца не жалат да потрошат и до последно евро за да им ги задоволат апетитите без разлика на која возраст се наследниците.                       Овие се само некои од оние највпечатливите.

Па, така, пејачката Емина Јаховиќ додека беше во брак со Турчинот Мустафа Сандал (познат турски музичар) роденденските прослави на синовите ги правеше на грчкиот остров Лерос. Всушност, во тоа време синчето Јаман го славеше шестиот роденден, а славната мајка ништо не му препушти на случајот. Момчето ги дувна свеќичките на роденденската торта – со детали од тогашниот фудбалски натпревар Турција – Србија. А, мама и тато потрошиле над десетина илјади евра.

Фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, која живее и работи во Виена, скапо го прослави 20-тиот роденден на нејзиниот син миленик Марко, без разлика што е сè уште пандемија. Немаше многу гости, а нивниот замок во Виена беше украсен до најситни, но и најскапи детали. Според неофицијални проценки тоа задоволство Драгана ја чинеше над 20 илјади евра. Што е тоа за неа и за нејзиниот сопруг Тони кои заработуваат пари “како од шега“. Драгана дури и на Инстаграм се пофали со роденденската честитка до синот Марко: “Лаву мој, најмил мој среќен 20. роденден“! – Вауууу, каква внимателност, каква мајка кралица, коментираа најогнените обожаватели на пејачката.

Синовите на уште една голема естрадна ѕвезда, на Лепа Брена, Стефан и Виктор кога ги славеле своите полнолетства не само што искеширале многу евра, долари и динари, туку и тие самите заработиле добри финансии. Виктор и Стефан се пофалиле дека тогаш добиле околу 100 илјади евра од пријателите и колегите на Лепа Брена, а тие пари ги пренасочиле во хумани цели за помош на болните, старите и неподвижни лица. – Јас со брат ми имаме веќе сè во животот, така што немаме некоја специјална желба што се однесува на подароците. Единствено сакаме со тие пари да им помогнеме на оние кои немаат, рече тогаш младиот Виктор Живојиновиќ.                    Нам ни останува да веруваме дека тоа и навистина го направиле. Особено затоа што е познато дека неговата популарна мајка и тато Боба (поранешен тенисер) одвреме-навреме донираат пари за сиромашни, болни луѓе или на луѓе без покрив над глава.

Анастасија, ќерката на славната Цеца Ражнатовиќ, кога го славеше 23. роденден во еден раскошен локал во Белград, не зажали да потроши над 20 илјади евра. Целата роденденска атмосфера вриеше од холивудски гламур, а мама Цеца беше облечена како и ќерката, во еден од најскапите фустани кои ги сошиле специјално за таа прилика.                                                                                                                      – Кога се слави роденден треба и да се прослави на вистински начин, со трубачи, со вкусна храна, скапи пијалаци, убава облека. Кој има ќе слави, кој нема нека се надева дека еден ден ќе има. Секако дека родендените можат да се слават и само со честитање преку СМС-пораки. Но ако имаш пари тогаш не оди да цицијашиш, а Анастасија отсекогаш била и останала галантна женска, кажуваа поканетите гости по завршената роденденска забава кај “малата“ Ражнатовиќка.