Највисоката зграда во светот речиси е готова: Поглед од 472 метри, само за оние со длабок џеб
Во Њујорк на Менхетн е претставен новиот солитер кој со 472 метри ќе биде највисоката станбена зграда на светот. Моментално се изградени 123 ката и сè уште се работи. Објектот ќе има 179 луксузни апартмани, со две до осум спални соби и површина од 133 до дури 1625 квадратни метри. Цената на апартманите се движи од 6,9 милиони долари за двособен стан на 33 кат, до 63 милиони долари за стан со пет соби на 112 кат. Купувачите ќе имаат базени, спа центар, театар, сала за танцување...На првите седум ката ќе бидесместен шопинг центар. Централната кула на зградата треба да се заврши догодина.