Возачите на Хас, Мик Шумахер и Никита Мазепин, не се согласуваат меѓу себе премногу добро, а за тоа најдобро говори фактот што рускиот возач не се извини за инцидентот на италијанското ГП. Односот помеѓу двајцата дебитанти е хаотичен. Вербално се судрија веќе неколку пати, а семејството Шумахер се вмеша во нивната пресметка, па чичкото на Мик, Ралф рече „дека за Мазепин не треба да има место во Формула 1“.

Имено, дојде до контакт меѓу двата болиди на Хас, германскиот возач излезе и се врати на патеката, а Мазепин најде сила да раскаже што се случи, бидејќи беше виновен за тоа, поради што заработи казна од пет секунди.

  • Работата е едноставна, тоа беше моја вина и не се срамам да раскажам. Сигурен сум дека и тој ќе греши многу во иднина, но најважно е да остане човек. Тоа беше моја грешка, нема дискусија за тоа. Ја заслужив казната иако не беше намерна и имав среќа што не загубив премногу време поради тоа. Тој успеа веднаш да го сврти болидот, истакна Мазепин.

Мик Шумахер дипломатски зборуваше и за ситуацијата…

  • Се случуваат такви работи. Мислам дека не сакаме да имаме проблем бидејќи треба да работиме како тим, сакаме да го доведеме тимот напред, и тоа е она што е најважно во моментов, заврши Мик.