Изненадете ги домашните со оваа вкусна пита …

Потребно е:

  • 10-12 кори за пита
  • околу 700 г сирење
  • 3 јајца
  • 4 лажици масло
  • 2 полни лажици пченичен гриз
  • 2 лажици кисела павлака
  • 400 мл јогурт
  • сол, по вкус
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • парче путер

Подготовка:

– Во еден сад изматете ги јајцата и додадете ги издробеното сирење, маслото, гризот и прашокот за пециво. Потоа додадете ги јогуртот, киселата павлака и солта и убаво изматете.

– Тавата премачкајте ја со путер. Парчето путер растопете го.

– Секоја кора премачкајте ја со неколку лажици од филот и завиткајте ги како ролни. Потоа од нив направете полжавчиња. Наредете ги во тавата.

– Премачкајте ја питата со растопениот путер.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 цезлиусови степени околу 20 минути.

– Послужете ја топла со кисела павлака, кисело млеко или јогурт.