Втората најмала држава на светот, Монако, со 38.300 жители, е најгусто населена земја на светот, но и дом на 12.261.  Оваа бројка, како што пишува Бизнис Инсајдер, за само пет години скокнала за 12 отсто, па сега секој трет жител на Монако поседува милион долари. Стапката на сиромаштија во државата е рамна на нула, а БДП го глава на жител изнесува 165.420 долари.

Монако е една од само четирите држави во светот, во која БДП по жител надминува 100.000 долари. Прва е Лихтенштајн со 166,021 долари, но има 80 пати поголема површина од Монако, втора е Монако, а следат Луксембург и Бермуди.

Дури 75 отсто од жителите се доселеници, а во Монако се наоѓа една од најспаките улици на светот, Авебијата Принцеза Грејс, која го добила името по актерката Грејс Кели, некогашната прицеза на Монако.

Покрај тоа што е прилично скап, Монако е и безбеден. Се работи за еден од најбезбедните градови на светот. Има по еден полицаец на сто жители, а целиот град е покриен со 24-часовен видео надзор.