Најбогатите жени во светот имаат над 850 милијарди долари

643

Од 2.043 најбогати луѓе на светот на листата на Форбс, 227 се жени. Тие заедно поседуваат 852,8 милијарди долари.
Најчесто се работи за наследнички, но некои и со својот труд успеале да дојдат до милијардите. И, меѓу нив нема само пејачки, глумици, манекенки, туку и исклучително успешни бизнисменки.

Најбогатата жена во светот е Французинката Франсоаз Бетанкур Мејерс, наследничка на козметичката империја „Лореал“, со богатство од 49,3 милијарди долари. Во општата класификација на најбогатите луѓе во светот, таа се наоѓа на 15. место.

Меѓу првите пет најбогати жени се Алис Волтон од САД, косопственичка на Волмарт маркетите (44,4 милијарди долари), Жаклин Марс, наследничка на Марс компанијата за чоколади, филантропка и втората Американка на топ листата (23,9 милијарди долари), потоа Јанг

Хуијан од Кина, која поседува 57 отсто од акциите во фирмата за недвижнини Кантри гарден холдингс (22,1 милијарда долари) и Германката Сузан Клатен, сопственичка на 20 отсто од автомобилскиот гигант БМВ (21 милијарда долари).