Нашето малку за некого може да биде многу!

55

Здружението на граѓани „Конект“ организира акција за донирање во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари. Овој месец, според донаторскиот календар на ова здружение, е посветен на овој центар под мотото „Детска недела“

– Овој месец ни е посветен на Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари којшто има потреби што граѓаните многу лесно можат да ги опслужат. Нашето малку за некого може да биде многу – вели Виктор Мирчевски, програмски раководител во „Конект“.

Од ова здружение во повикот до сите хумани луѓе потенцираат дека Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари згрижува 100 деца и оти дневно се доволни само 600 денари за храна, грижа и едукација на три деца, додавајќи дека кој сака може овие деца да ги израдува и со играчки, облека и со други подароци.

Од „Конект“ потенцираат дека ваквите акции не мора да траат само еден месец, туку и во текот на годината.