Национален квалификациски натпревар по кинески јазик „Кинески мост”

89

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира национален квалификациски натпревар по кинески јазик за Меѓународниот натпревар „Кинески мост”.

Натпреварот може да се следи онлајн и е поделен во неколку категории: возрасни, средношколци и деца.

Централната управа на институтите „Конфуциј“ го организира Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ од 2002 година.

Извор:МИА