Научници се поблиску до реализација на идејата дека може да се произведе струја од капка дожд

225
Unicode

По долгогодишно испитување и неуспешни обиди, научниците од Универзитетот во Хонгконг го откриле, изгледа конечно, принципот што би овозможил да се искористат дождовните капки како извор на енергија…

Изминатите години стручњаците имаа безброј обиди да го искористат дождот за производство на електрична енергија, ама тоа баш и не им поаѓаше од рака.

Сепак, сега се на чекор до откритието, бидејќи успеале да конструираат генератор кој го користи дождот и произведува изненадувачки висок електричен набој, пренесува порталот Енгагет.

Само една капка дожд може да произведе енергија за 100 мали лед светилки. Поранешните генератори успева до произведат „илјада пати помалку“ енергија, тврдат научниците од Универзитетот во Хонг Конг.

Новиот дизајн на генераторот спојува алуминиумска диода со друга која е изработена од легури на индиум и калај и е обложена со материјал што има „квазитраен“ електиричен напон.

Кога капка дожд ќе падне на површината, таа ги поврзува овие две електроди и создава затворено електрично коло кое овозможува целосно ослободување на собраниот електричен набој.

Меѓутоа, потребна е уште многу работа на овој генератор за од него да се добие употреблив производ. Краткиот налет на енергија се постигкнува лесно, ама сега треба да се пронајде начин за нејзино акумулирање за да може таа постојано да се произведува.

Тие идни генератори би можеле да бидат вградувани на покриви и така барем да го дополнуваат делот електрична енергија што се троши во куќите. Би можело, дури, да се вградуваат и во чадори.